(Видео) Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, МВР бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како пред куќата на Лозановска има медицински тим и полициски тим, на чело со началникот кој насилно сака да ја лиши од слобода.

Синоќа во Демир Хисар се одвивала драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на директорката на средното училиште, Маја Лозановска.

За време на претресот, на лице место присуствувала и екипа на Брза помош, која констатира дека Лозановска е на боледување и има покачен крвен притисок.

И покрај тоа, началникот на полицијата во Демир Хисар инсистирал директорката вечерва, на носилки, да биде пренесена во полициската станица на информативен разговор.

Според адвокатот, поканата за информативен разговор има рок од 15 дена и информативниот разговор не мора да биде извршен вечерва.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како пред куќата на Лозановска има медицински тим и полициски тим, на чело со началникот кој насилно сака да ја лиши од слобода.

Во видеото се слуша како медицинскиот тим констатира дека здравствената состојбата на Лозановска не дозволува да оди на информативен разговор, а началникот одговара дека „ако треба ќе оди со Амбулантно возило и на носилка во полициска станица“.

Иако наредбата била издадена да се изврши претрес во куќата на директорката во наредните 15 дена, полицијата одлучила тоа да го направи вечерва, ден пред избори.

Градоначалникот на Демир Хисар, сака да ја разреши директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ Маја Лозановска, за да може да стави партиски кадар на нејзиното место, објави „Инфомакс“.