(Видео) Претреси во две фирми за одгледување канабис, констатирани неправилности

При претрес на две фирми за одгледување канабис за медицински цели во Неготино, врз основа на судска наредба, полицијата констатираше низа неправилности.

Во едната фирма било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми од канабис, како и низа неправилности со кои фирмата постапувала спротивно на член 62, член 29-Д, член 29-Г и член 95-В од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Додека, при претресот во другата фирма бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на членовите 29-Г, 29-Д и 29-Ѓ од Законот за контрола на опојни дроги – се вели во соопштението од МВР.


Фото: МВР

По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против правните и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.