(Видео) Прекинат мечот меѓу Ерменија и Хрватска: Дрон со сепаратистичко знаме на теренот, тепачки на трибините

Натпреварот меѓу Ерменија и Хрватска беше накратко прекинат во 35-та минута кога се појави беспилотно летало над теренот, однсоно се појави дрон со знаме на Нагорно Карабах, регион за кој Ерменија и Азербејџан војуваат со години. Освен тоа, имаше и тепачки на трибините.

Францускиот судија немаше друго решение освен да го прекине мечот, но откако ситуацијата се стабилизираше на теренот, стана „жешко“ на трибините.

Хрватски навивачи повторно успеаја да режираат хаос на едно гостување, па иако имале забрана за влез на стадионот, успеале да се инфилтрираат и предизвикале жестока тепачка на една од трибините.

Врз тревникот прелета дрон со знаме на Горски Карабах, територија која е непризнаена и сепаратистичка. Публиката со овации „Артсакх“ што е името на оваа сепаратистичка територија.