Епилогот околу распределбата на сребрениот и бронзениот медал на женската трка на 5.000 метри на ОИ во Париз беше решен на зелена маса.
Беатрис Чебет од Кенија го освои златниот медал, но она што остана впечатливо беше борбата за среброто.
Фејт Кипјегон од Кенија мина втора, а трета заврши Сифан Хасан од Холандија.
Но Етиопјаните се пожалиле дека Кипјегон ја турнала нивната атлетичарка, по што судиите одлучија да ја суспендираат Кенијката, па среброто замина кај Хасан, а бронзата кај Надија Батклети од Италија.
По трката Кенија се жалеше, докажуваа дека ова е вообичаен инцидент.
Етиопјанката прво се потпрела на Кипјегон која потоа ја оттурнала од себе.
Нивната жалба беше прифатена и среброто сепак отиде кај Кипјегон, а бронзата кај Хасан.
Here is the shove in question involving Faith Kipyegon and Gudaf Tsegay… pic.twitter.com/6C1qGijDh6
— Chris Chavez (@ChrisChavez) August 5, 2024