(Видео) По купиштата ѓубре: Се појавија стаорци во центарот на Скопје

Стаорците во центарот на Скопје станаа реалност. Буквално се појавија стаорци среде центар во Дебар маало, откако Скопје неколку денови тонеше во смет со преполни контејнери и купишта отпад околу нив.

Од видеата на „Слободен печат“ се гледа како стаорците се движат низ јавни површини. Потоа еден стаорец влегува во двор во детска градинка.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

„Така е еве ги искочија, супер, таму ти се кантите за ѓубре.Тражевте еве ги стасаа, така треба. Ќе не изедат глувци, ќе не изедат, ауу ова е страшно.“ вели во позадина во видеото една скопјанка.