(Видео) Потресни сцени од Газа: Реки луѓе бегаат на југ

Илјадници Палестинци бегаат од северниот дел на Газа на југ за да најдат засолниште и да избегаат од секојдневното израелско бомбардирање. На социјалните мрежи беа објавени слики и видеа од реки луѓе, меѓу кои жени, деца, стари лица и инвалиди.

Обединетите нации соопштија дека во неделата околу 2.000 луѓе избегале на југ, а во вторникот тој број се зголемил на 15.000.

Израелската армија со недели ја бомбардира Газа. Војската соопшти дека биле погодени 14.000 терористички цели во енклавата.

Светската здравствена организација објави дека најголемата болница во Газа, во која се сместени околу 50.000 луѓе, се соочува со бомбардирање.

Палестинските власти соопштија дека Израел извршил воздушни напади врз најмалку три болници додека здравствениот систем се борел да се грижи за илјадници ранети или раселени луѓе.