(ВИДЕО) Поповски: Мицкоски не кочи, најлош извештај од ЕК, СДСМ треба да се реформира!

➡Најновиот извештај на Европската Комисија е најлошиот во историјата на овие 20 години. Ова можеше да се очекува затоа што во минатата ипол оваа Влада јасно стави до знаење дека отстапките за промена на Уставот нема да ги направи во корист на почнување на преговорите. ➡Прашан дали проблемот со Бугарија го користиме како алиби за неспособноста или немањето капацитет во исполнувањето на реформската агенда, Поповски вели дека Владата свесно го прави тоа .➡СДСМ има серија на грешки. Треба да се соочат со себе, а тоа они не го прават“, вели Поповски.

„Најновиот извештај на Европската Комисија е најлошиот во историјата на овие 20 години. Ова можеше да се очекува затоа што во минатата ипол оваа Влада јасно стави до знаење дека отстапките за промена на Уставот нема да ги направи во корист на почнување на преговорите.

-Дури и цврсто беа соопштени од нашиот премиер дека нема отстапување. Тоа влијаеше на Брисел да нема апетит за преговори со Македонија понатаму додека не се исполни предусловот, а во Македонија, за жал, предизвика немање интерес за усогласување со разни поглавја, акти. Логична последица на тоа е- дека после една година нема напредок. Дури и сме во најниската група што може да пристапи кон Европската Унија“, изјави за магазинот „Трилинг“ екс-спикерот на Собранието, поранешен министер за финансии и еден од основачите на СДСМ, Никола Поповски.

Фото: Трилинг / проф. Никола поповски

Прашан дали проблемот со Бугарија го користиме како алиби за неспособноста или немањето капацитет во исполнувањето на реформската агенда, Поповски вели дека Владата свесно го прави тоа.

„Во моментот кога не прифати да прави компромис со Уставот, она потсвесно прифати дека нема ни потреба понатаму да се усогласуваме, зошто нема ни да преговараме, за разлика од Црна Гора и Албанија кои активно преговараат неколку години и кои заради тоа се во активна кондиција со фаќање на стандардите на ЕУ.

-Ние тие стандарди не ги исполнуваме, бидејќи ние немаме ни почеток на преговорите. Комесарката Марта кос ни даде отрезнување – Македонија нема напредок и е заедно со Србија, Босна, Косово и Турција, а замислете напредокот го направиле Молдавија и Украина. Тоа значи дека ние и во Западен Балкан сме во втората лига. Сметам дека полека перспективите згаснуваат свесно“, вели Поповски.

Тој смета дека со потпишувањето на Договорот со Бугарија не се обезбедиле заштитени механизми, а потоа дојде „Францускиот предлог“ кој го „дозабетонира“ лошото позиционирање во однос на Бугарија на ЕУ-сцената.

„Тоа се две грешки коишто СДСМ уште ги плаќа. Сега ВМРО-ДПМНЕ ја „бетонира“ својата улога на непопустливост“, вели Поповски.

Говорејќи за економијата, Поповски смета дека ни се потребни посериозни стапки на раст.

За фијаското после локалните избори Поповски вели:

„СДСМ има серија на грешки. Треба да се соочат со себе, а тоа они не го прават“, вели Поповски.

Целото интервју погледнете го во видеото.