(Видео) Поплави низ Србија – водата носеше автомобили

Силниот дожд кој од синоќа врне во различни делови на Србија предизвика излевање на неколку реки и поради тоа е прогласена вонредна состојба во 35 градови и општини.

Се урна мост кај Краљево, дел од Клиничкиот центар во Крагуевац е поплавен, а улиците на Владичин Хан беа покриени со урнатини и кал, додека водата однесе и неколку автомобили.