Стотици луѓе беа приведени синоќа кога полицијата разби голема демонстрација на претежно еврејски њујорчани кои ја блокираа метро станицата Гранд Централ во знак на протест против израелското бомбардирање на Газа, соопштија полицијата и организаторите.
Њујоршката полиција соопшти дека најмалку 200 лица се приведени, додека организаторите на протестите рекле дека бројката е повеќе од 300.
🇺🇸🇵🇸 Jewish Pro-Palestinian protesters have organised a rally at Grand Central Station. pic.twitter.com/prfl4dVpld
— Censored Men (@CensoredMen) October 27, 2023
Фотографиите од местото на настанот покажаа долги редови млади луѓе кои стојат со лисици и облечени во црни дуксери со натписот „Не во наше име“ и „Прекин го огнот сега“.
Протестот го свикаа од групацијата Еврејски глас за мир-Њујорк, која рече дека илјадници нејзини членови присуствувале на протестот, блокирајќи го главниот влез на централната метро станица во градот.
Организаторите ја нарекоа мирната демонстрација „најголемата граѓанска непослушност што Њујорк ја видел во последните 20 години“.