(Видео) Полициските хеликоптери фрлија над 140 тони вода врз пожарот кај Пехчево

Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Пехчево.

Во 66 налети исфрлени се над 140 тони вода со што се локализирани дел од краците.

Пожарот е се уште активен и продолжуваат активностите за негово гасење.