(Видео) Полицајци во Белград влечат млад човек по улица удирајќи го со палка по грб

На социјалните мрежи се појави видео од протестите во Србија, на кое се гледа како полициски службеници влечат млад човек, по што еден од нив со палка го удира по грбот, иако тој лежи на земја и не пружа никаков отпор.

На социјалните мрежи се појави видео од протестите во Србија, на кое се гледа како полициски службеници влечат млад човек, по што еден од нив со палка го удира по грбот, иако тој лежи на земја и не пружа никаков отпор.

Според порталот Нова.рс, снимката е направена во петокот, на раскрсницата меѓу улиците Ресавска и Немањина во Белград. На крајот од видеото, видно повредениот маж е врзан со пластични лисици додека сè уште лежи на асфалтот. Во описот на објавата на Инстаграм стои дека младиот човек бил без свест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bez Cenzure (@bezcenzure.rs)

Удирањето се случува пред поголем број полицајци во опрема за растерување демонстрации. Нова.рс пренесува дека станува збор за припадници на Единицата за обезбедување личности и објекти (ЈЗО), која ја предводи командантот Марко Кричак. Тој веќе беше снимен како трча со телескопска палка по граѓани, а повеќе очевидци го обвинија за малтретирање и физичко насилство.

Контроверзии предизвикува и снимката на неговата заменичка Тања Дробњак, која во јули беше забележана како пред Правниот факултет во Белград влече студентка за коса, обидувајќи се со нејзиното лице да отклучи телефон – практика што е незаконска.

Единицата за обезбедување личности и објекти последните месеци постојано е присутна на протестите, а студентските организации и граѓанските здруженија тврдат дека нивното постапување е надвор од законските рамки и дека вклучува брутална сила врз демонстранти.