(Видео) Пожар во голем трговски центар кај Москва

Се запали трговски центар во Балашиха, кај Москва, повреден е чувар. Во запалениот трговски центар во Балашиха во близина на Москва делумно се урнал покривот, изјави за РИА Новости портпаролот на службата за итни случаи.

„Кровот на зградата се урна на површина од 900 квадратни метри“, изјави изворот. Вкупната површина на пожарот порасна на десет илјади квадратни метри, соопшти седиштето на Министерството за вонредни ситуации во московскиот регион. Пожарот избувнал во трговскиот центар „Стројпарк“ денеска наутро.

Најпрвин на отворен простор се запалил градежниот материјал, а потоа пожарот се проширил и на зградата на трговскиот центар. Едно лице е повредено – обезбедувач кој се обидел да го изгаси пожарот пред да пристигнат пожарникарите.

На мажот му биле констатирани изгореници на горниот респираторен тракт. Вработените во трговскиот центар се евакуирани. Одделот на Истражниот комитет за Московскиот регион започна истрага за причините за пожарот, а беше покрената и кривична постапка.