(Видео) Пожарот во Грција сѐ уште не е ставен под контрола: 11 дена пожарникарите се борат со огнот

Грција летово беше опустошена од бројни пожари, но најголемиот се уште не е изгаснат. Огнената стихија го зафати Националниот парк Дадија на североистокот на земјата, каде беа испратени 407 пожарникари, но засега истиот се уште не е ставен под контрола.

Ова е најголемиот пожар некогаш регистриран на територијата на Европската унија, изјави портпаролот на Европската комисија, посочувајќи дека 27-те земји-членки на ЕУ во моментов мобилизираат речиси половина од заедничките европски воздушни сили за да и помогнат.

Грчките пожарникари веќе единаесетти ден се борат со пожарот што беснее низ националниот парк, кој е познат како живеалиште на бројни ретки птици грабливки. Пожарот, кој се протега по фронтот од речиси 10 километри, „се уште е надвор од контрола“, изјави за АФП еден од портпаролите на противпожарната бригада.