(Видео) Пијанистката Манова се враќа на Охридско лето: Музичарите не смеат ја заборават родната земја

Македонската пијанистка Илинка Манова која живее и работи во САД е добитничка на повеќе награди, а нејзината љубов и страст кон музиката ја преточува во суштинско учење на оваа уметност.

Манова првите образовни стадиуми ги завршува во Скопје во класата на проф. Валентина Нолчева, за потоа да продолжи да студира во класата на проф. Арбо Валдма во Келн и во класата на д – р Соломон Миковски на „Менхетен“ школата за музика во Њујорк. Добитничка е на полна стипендија за нејзините студии со Стефани Браун на САНИ каде што се здобива со титула магистер и со уметничка диплома. Во моментов е запишана на докторски студии за музичка уметност под менторство на д-р Анџелина Гаделија на Универзитетот во Конектикат.

Во „Трилинг“ вечерва таа раскажува за нејзината успешна приказна, какви биле нејзините почетоци и како стигнала до САД. Таа вели дека кога студирала било различно отколку сега. Додава дека за Американците класична музика е џезот.

Манова вели дека се враќа по долго време да настапува во Македонија.

Одамна немам настапувано во Македонија. Мојот последен солистички концерт на Охридско лето беше во 2001-та година. Америка е многу далеку, 10-ина години се посветив на моите деца и сега можам конечно да се посветам на тоа што многу го сакам. Толку брзо се менуваат работите во Македонија во секоја област, после тоа некако се тоа се бриши и како да не постои, вели Манова.

Ние треба да се враќаме дома, да свириме дома и не смее да се заборави дека ова е нашата родна земја на сите музичари. Многу сум среќна што сум поканета на Охридско лето оваа година, додава таа.

Манова вели дека секој уметник во денешно време сам треба да си го крои патот. Ценетоста почнува од почитта кон државата од каде потекнувате, додава Манова.

Проследете го ова интересно интервју во продолжение: