(Видео) Пејовски: ИТ едукацијата е како фитнес на мозокот

-Вештачката интелигенција не е научна фантастика. Тоа е реалност и ќе биде дел од секоја професија. Ако децата го учат тоа порано, тие не учат само да го користат туку и да го разберат. Кога детето ќе сфати дека може да ја користи за да направи домашна работа, да создаде цртеж или да си смисли нова игра, тоа е момент кога технологијата станува алатка за креативност, а не само играчка, вели Пејовски.

-Дигиталната писменост е новата „писменост“. Денеска ако детето не знае да чита и да пишува секако дека е проблем, но исто толку голем проблем е ако не знае да препознае лажна информација интернет или како безбедно да го користи интернетот. Децата што остануваат само пасивни корисници, односно само гледаат видеа, играат игри, се во голем ризик да бидат изманипулирани или да изгубат време без да создадат нешто што е многу важно. Додека дигитално писмено дете ќе знае да користи технологија за учење, за развој но пак ќе знае да користи и за забава и пред сѐ на креативен начин.

-Јас сам имав многу пати ситуации каде знаењето од курсевите ми помогна не само за школо туку и во секојдневието. На пример професорот кога ќе ми зададеше некој проект наместо да гуглам 100 линкови јас знаев кој линк ми е потребен, што е многу важно, и да препознаам која информација е точна, која информација е лажна. Тоа е огромна предност.

-Вештачката интелигенција не е научна фантастика. Тоа е реалност и ќе биде дел од секоја професија. Ако децата го учат тоа порано, тие не учат само да го користат туку и да го разберат. Кога детето ќе сфати дека може да ја користи за да направи домашна работа, да создаде цртеж или да си смисли нова игра, тоа е момент кога технологијата станува алатка за креативност, а не само играчка.

-Една од најчестите заблуди е дека ВИ е опасна за децата. Јас би рекол дека опасно е ако децата не ја разбираат. Кога ќе ја разберат и кога ќе научат да ја употребуваат правилно тоа е супермоќ, вистинска супермоќ!

Фото: Трилинг / Петар Пејовски, DATA и AI специјалист

-Пред 10 до 15 години сите родители ги праќаа децата на курсеви по англиски јазик бидејќи без англиски не може да се замисли иднината. Денес истото тоа важи и за ВИ. Значи тоа е новиот неопходен јазик. Ако не го знаеш ќе ти биде многу потешко да комуницираш и општо да успееш во светот.

-ИТ едукацијата, дигиталната писменост и ВИ се трите столба што ќе им овозможат на децата да бидат подготвени за иднината. Ако не ги научиме сега ќе останат чекор зад светот. Тие не се работи кои се само за убави да се знаат туку се неопходни.

-И уште една практична порака до родителите: Започнете со мала промена. Седнете заедно и направете еден мал проект. Нека биде некоја едноставна игра. Ќе видите како ќе му засветат очите на детето. И тоа е најдобриот доказ дек учењето може да биде и забава и иднина.

-Кога почнуваш млад, технологијата ти станува на некој начин природен јазик. Исто како кога ќе учиш странски јазик. Кога си помлад најлесно е. Плус ако тогаш направиш грешка во Ексел веројатно никој нема да ти ја смета како финансиски скандал.

-Денес дигиталната писменост е како да знаеш да пишуваш и читаш. Без неа си изгубен. Децата не мора сите да станат програмери, но мора да знаат како да се снајдат во дигиталниот свет каде што се е поврзано.

-Вештачката интелигенција е новата електрична енергија. Ќе биде во секоја индустрија, во секоја работа, во секојдневието. Јас денес работам со податоци со ВИ и гледам колку е вистински важно младите уште од сега да се запознаат со тоа, не само како корисници туку и како креатори.

-ИТ едукацијата јас би ја според со фитнес на мозокот т.е таа ја тренира самата логика, креативноста, решавањето на проблеми. И да, не мора сите да бидат програмери, но сите ќе мора да знаат како да ја користат таа технологија. Значи најдоброто е тоа да почнеш да учиш рано.

Целата анализа на Петар Пејовски, DATA и AI специјалист погледнете ја во видеото