(Видео) Пешев: Имаме лоша економска година

- Со бојкотот е очигледно дека сака да се прати порака до ланците на големите супермаркети, но прво треба да анализираме во какви состојби тоа се случува и да се изанализираат што тоа генерално доведува до енормно зголемувањето на цените во делот на исхраната, вели Пешев.

„Со бојкотот е очигледно дека сака да се прати порака до ланците на големите супермаркети, но прво треба да анализираме во какви состојби тоа се случува и да се изанализираат што тоа генерално доведува до енормно зголемувањето на цените во делот на исхраната.

-Мислам дека ова е легитимно право на граѓаните да го искажат својот револт заради инфлаторните случувања, но факт е дека оваа иницијатива доаѓа после серија на слични такви бојкоти кои се случија секаде во регионот. Со инфлацијата се борат сите. Да не говориме за земјите во ЕУ кои се во исклучително тешки економски услови во моментов. Ќе видите дека еден дел од програмата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп е наменета за намалување на инфлаторните случувања во Америка. Но за разлика од кај нас каде што тоа не се решава на системско ниво, а мислам дека тригер за оваа ситуација се, на страна од високите цени кои се во нашите маркети, добрите финансиски резултати кои ги покажаа ланците на супермаркетите, тоа малку ги натера на интервенција граѓаните, но ценам за оваква иницијатива да има ефект таа треба да трае многу или доволно долго долго за да има некаков сериозен одраз на функционирањето на маркетите, изјави за магазинот „Трилинг“, Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, говорејќи за се поскапата потрошувачка кошничка, каде е вината и дали незадоволството изразено преку бојкотот ќе даде ефект.

Пешев смета дека штом се случува ваков тип на ситуација, тогаш треба да се запрашате што не чини во пазарот на снабдување, зошто во Македонија тоа е толку силно изразено и дали конкуренцијата е мала.

„Јас секогаш сум бил поборник на тезата дека ако имате проблем во економијата вие треба да го решавате системски. Ние не сме планска држава и многу е тешко да на правните субјекти кои функционираат во економијата на државата и на пазарот да им наметнете кога, како и колку ќе заработуваат. Вие мора како држава да влијаете на тоа. Мислам дека државата може да интервенира само со механизми кои директно ќе делуваат генерално на цените на производите на пазарот кои директно го засегаат најзагрозениот дел од популацијата во државата“, вели Пешев.

Тој смета дека имаме лоша економска година, ситуација во која Македонија објективно не може да одговори со своето производство кое може да влезе во тој сегмент.

„Втор сегмент кој е многу чуден е дека цените на слободните пазари не се драматично пониски од цените во супермаркетите и се поставува прашањето дали ланците на супермаркетите тоа го работат или генерално слабата понуда на пазарот остава простор да сите што се занимаваат во ланецот на трговија заработуваат доста“, вели Пешев.

Фото: Трилинг / Антони Пешев

Говорејќи за фактот дека во јавноста не се зборува за податокот дека банките на пример ги зголемија давачките за клиентите, профитот надминува речиси над 250 милиони евра а притоа нема реакција ниту од Народната Банка, Пешев вели дека ние како држава се одлучивме за слободно диригирање на цените на пазарот.

„Многу е тешко да се враќаме сега назад во системот каде државата ќе ги контролира и маржите на банките и фиксните трошоци што ги плаќаме, профитите. Ставањето во ред е не пазарна мерка. Државата може тоа секогаш да го направи, но сметам дека по употребливи се мерките во кои државата ќе стане активен соучесник во тој пазар.

-Мислам дека Владата треба да се фокусира на онаа класа на производи кои навистина помагаат. Јас не знам која е причината да ја лимитирате цената на некој егзотична печурка или скапите сирења кои доаѓаат и кои ги купува само одредена класа на луѓе. Пораката е дека државата треба да е фокусирана на класа на производи кои директно го засегаат буџетот на секое нормално македонско семејство, со фокус на класи на производи за кои треба да се најдат системски мерки како тоа да се подобри. Дефинитивно една од клучните мерки е да се помогне нашето домашно производство.

Фото: Трилинг / Антони Пешев

-Ние како да заборавивме дека бевме држава која нуди раноградинарски производи насекаде во регионот, а сега гледаме дека нашите раноградинарски производи излегуваат блиску до мај, што веќе не е раноградинарство. До тогаш веќе увозот на овој вид на производи од секаде во околината се случил, а и да не ве чуди дека значаен број со раноградинарските производи доаѓаат со бродови од Египет, смета Пешев и додава дека неговите очекува на среден и дилг рок се дека може да се случи во државата да имаме влез на странски производители кои ќе го искористат празниот простор и ќе се позиционираат во делот на производството на храна.

„Треба суштински да се влезе во математиките при дефинирањето на цените. Имавме неколку обиди да се лимитираат различни типови на маржа за одредена класа на производи, но ако немате точна претстава што ви е реалната цел тогаш примената на целокупниот корпус на прашања е комплицирана работа и мислам дека тука имаме и сериозен недостиг на капацитети во рамките на администрацијата која би го пратела тоа. Имате Министерство за економија кое во принцип во овој момент е единственото во состојба да врши некакви анализи на таа работа. Трговијата со храна не е најдоминантната, енергијата е најдоминатната поента. Јас мислам дека државата повторно треба да седне на маса, не со било кого, туку со самата себе и со политиките кои ги води и да види каде ние ја промашивме лекцијата и зошто Македонија не произведува доволно храна. Треба да се прашаме зошто створивме општество на кое му е полесно да тргува отколку да произведува, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора.

Ова е само дел од разговорот со Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Целото интервју погледнете го во видеото.