
(Видео) Пешевски: Допрва нема да имаме работници ако останеме на 400, 450 евра плата
🔴 „Сметам дека изјавата на премиерот беше незрела, дека ако ние си подадеме рака со работодавачите, државата ќе обезбеди пари онолку колку што ќе се постигне договор со работодавачите, имајќи предвид дека најголем број од вработените се токму во јавниот сектор. Многу ги плаши идејата за 500 евра минимална плата, бидејќи многу од вработените се под 500 и под 400 евра минимална плата, па со последното усогласување во месец март видовме дека се коригира само тие плати што беа на минимална плата и повторно не се испочитува колективниот договор за целиот јавен сектор којшто предвидува, со порастот на трошоците за живот платите да се коригираат за 12,6 проценти, изјави во магазинот „Трилинг“ Иван Пешевски, потпретседател на ССМ говорејќи за тоа дали конечно и Владата и работодавачите покажаа слух за синдикалните барања.
„Сметам дека изјавата на премиерот беше незрела, дека ако ние си подадеме рака со работодавачите, државата ќе обезбеди пари онолку колку што ќе се постигне договор со работодавачите, имајќи предвид дека најголем број од вработените се токму во јавниот сектор. Многу ги плаши идејата за 500 евра минимална плата, бидејќи многу од вработените се под 500 и под 400 евра минимална плата, па со последното усогласување во месец март видовме дека се коригира само тие плати што беа на минимална плата и повторно не се испочитува колективниот договор за целиот јавен сектор којшто предвидува, со порастот на трошоците за живот платите да се коригираат за 12,6 проценти, изјави во магазинот „Трилинг“ Иван Пешевски, потпретседател на ССМ говорејќи за тоа дали конечно и Владата и работодавачите покажаа слух за синдикалните барања.
„Она што можам со сигурност да го кажам дека не е само виновна Владата, секако дека се виновни и работодавачите, имајќи предвид дека во тој триаголник, работодавачи – работници – власт секогаш ќе бидеме надгласувани на Економско социјалниот совет кога станува збор за давање пари.
Околу увозот на работна сила од трети земји, Пешевски вели дека последиците веќе ги осеќаме затоа што ние си ги избркавме нашите домашни квалификувани.
„Она што се случуваше во минатото и зошто сите си заминаа е заради ниските плати. Потоа работодавачите и државата се чудеа како нема кадар и работници. Јас велам дека допрва нема да имаме работници ако останеме на 400, 450 евра плата.
-Се согласувам дека треба да има продуктивни работници за да обезбедат за работодавачот и за државата и за самите нив. Но ако вие не го платите работникот како тој ќе биде продуктивен. Вие за да отидете на работа и да бидете продуктивен треба нешто да ве мотивира. Не е исто кога на 1-ви ќе земете 500 евра плата или 2.500 евра плата како што земаат истите тие наши работници кои отидоа во Германија, Швајцарија, Австрија па дури и во една Црна Гора, Србија, Хрватска два пати, три пати се поплатени истите работници со истата продуктивност која ја однеле од тука.
-Затоа велам дека само кај нас прво ја мериме продуктивноста па го плаќаме работникот. Тоа направи работникот после да се освести и да си замине од Македонија, вели Пешевски.
Целиот разговор со потпретседателот на ССМ Иван Пешевски погледнете го во видеото.