Македонската писателка, Фросина Пармаковска вечерва е гостинка во Трилинг, а тема за нејзиното гостување се турбуленциите во друштвото на писатели.
Верувам дека иницијалната каписла за колективната оставка на претседателството е незадоволството од работата на претседателот на друштвото на писателите и претседателот на собранието, односно нивното маргинализирање, обезгласување и недоволната вклученост во работата, започнува таа.
Објаснува дека ова е „феномен“ бидејќи досега не се случило претседателството да даде оставка. Таа објаснува дека за првпат во 76 години на ДПМ се случува 8 од 9 членови да дадат оставка. Затоа, според неа најдобро е сега да има нови избори во друштвото на писатели.
Пармаковска вели дека би било скандалозно доколку само се сменат овие луѓе и децидна е дека мора да има нови избори.
Претседателот Христо Петровски си поднесе оставка од оваа функција, а за ова Пармаковска даде свој коментар.
Апсурдна е неговата реакција за „националните интереси“. Сите тие реакции беа поттикнати од желбата ДПМ конечно да расчисти со своето минато и својот багаж и да фати добар, правилен пат, вели писателката.
Според неа друштвото на писатели било на пат да стане приватна фирма.
На 25 ноември се закажани „вонредни избори“, а не е напишано што се бира. Ние едногласно бараме да се бира нов претседател на ДПМ, нов претседател на Собранието и ново претседателство комплетно. Сето тоа што е сега, по колективна оставка, сега се е нелегитимно, заклучува Пармаковска.