(ВИДЕО) Пандовски: Кривичниот законик помага скандалите да застарат

➡-Луѓето сѐ уште немаат доверба во институциите, не можат да ги остварат своите права и сѐ уште обичниот човек е жртва на корупцијата од која бенефит имаат само богатите, високите слоеви, само оние кои имаат јавни позиции“, изјави за „Трилинг“, Благоја Пандовски претседател на Транспаренси Интернешнл.

„Перцепцијата на корупцијата најдобро ја чувствуваат граѓаните, кога тој не може да си оствари сопствени права, кога ќе отиде на лекар да не може да си оствари здравствена услуга, кога ќе отиде пред суд и не може да добие пресуда за нешто што по закон му следува, кога не може да си оствари некое свое право. Најобичниот граѓанин, оној анонимниот, преку него се гледа перцепцијата на корупцијата.

-Луѓето сѐ уште немаат доверба во институциите, не можат да ги остварат своите права и сѐ уште обичниот човек е жртва на корупцијата од која бенефит имаат само богатите, високите слоеви, само оние кои имаат јавни позиции“, изјави за „Трилинг“, Благоја Пандовски претседател на Транспаренси Интернешнл.

Околу тоа дека како јавност сме сведоци на злоупотреба на европски пари, на тендерски скандали, а впечаток е дека институциите стануваат инертни, Пандовски вели дека тоа е поради тоа што оние чинители коишто се повисоко рангирани ја користат својата позиција, имаат доволно средства да преку судскиот систем извојуваат некакви мини победи коишто ќе го одолговлечат процесот.

„И на крајот со последните измени на Кривичниот законик, кој сѐ уште не е вратен на старо, овие кривични дела побрзо застаруваат.

-Голем дел од скандалите остануваат неразјаснети. До кога ќе биде тоа така треба да ги прашаме судските органи, обвинителството, но треба да ја прашаме и извршната власт која треба со обезбедување на буџетски средства да овозможи нови вработувања во судската и обвинителската служба“, смета Пандовски.

Целото интервју погледнете го во видеото