(Видео) Пак се појави интервју на Прогожин, во него тврди дека Русија е на работ на колапс

На социјалните мрежи пак се појави старо интервју на лидерот на групата Вагнер – Евгениј Пригожин, чија смрт во авионска несреќа вчера ја потврди Русија, при што тој тврди дека земјата е „на работ на колапс“ и дека ако нешто не се прави итно „авионот се распаѓа во воздух“.

Дојче веле наведува дека клипот од 40 секунди е дел од интервјуто на Пригожин дадено за руски воен блогер, првично објавено на 29 април годинава.

– Денеска стигнавме до точка на вриење. Зошто зборувам толку искрено? Затоа што не можам поинаку, пред сите тие луѓе што живеат во оваа земја. Денеска ги лажат. Подобро убијте ме – рекол Пригожин.