(Видео) Османи: Никој не бара компромис со Бугарија по секоја цена, ниту ние тоа сме го прифатиле

„Мислам дека е многу важно да го задржите кредибилитетот во надворешната политика. Не можете да прешалтате во ставови - денеска кон Украина, па кон Руската федерација. Тоа е многу важно во очите на меѓународните партнери, бидејќи според тоа ве проценуваат дали може да се потпрат на вас во иднина. Прифаќам дека ова беше специфична околност која што е без преседан на некој начин при една таква контрадикиција помеѓу САД и ЕУ. Не можам да кажам дека има апсолутно правилно решение дека требало едното или другото. Веројатно подобра координација за да не бидат изненадени сојузниците би било некое компромисно решение“, додава Османи.

„Шанса за мир имало од првиот ден, но секогаш барањето било да има праведен мир, а тоа да не е мир којшто е под услови на Руската федерација, бидејќи сигурно доколку Украина од почеток ги прифаќаше условите – да ги даде четирите области, да прифати да нема некакви безбедносни гаранции или НАТО членство, можеби до војна немаше да дојде, но дали е тоа цената што требаше да ја плати Украина и ризикот којшто потоа ќе следува, имајќи предвид, тоа е мој став, дека Украина е само прва станица во империјалистичките амбиции на Русија“, изјави во магазинот „Трилинг“, поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи и додава дека оваа војна на истоштување на двете страни очигледно бара некаква интервенција, бидејќи човечките загуби се огромни.

-Украина се уништува како држава, очигледно дека Русија има кондиција да ја држи војната, така што во ред е што има иницијативи. Се разбира во тие иницијативи треба многу да се внимава на тој мир што ќе се воспостави да биде праведен и правичен мир, смета Османи.

За тоа каква сатисфакција имаме со критиките на Венс дека ЕУ не може или не сака да ги решава проблемите во своите редови и дали е тоа критика на нејзиниот бирократски модел на функционирање, Османи вели дека ЕУ подобро функционира во време на криза, подобро функционира во време кога е под некаква закана или по некаква критика, но и дека потребно е Европа да се консолидира, да застане на свои нозеи да има одредена одбранбена автономија.

„ЕУ покажа дека има потенцијал за солидарност за унифицирање на ставови во критични моменти. На пример кој очекуваше такво единство во ЕУ после нападот во Украина. Но очигледно ЕУ подобро функционира во време на криза, подобро функционира во време кога е под некаква закана или по некаква критика. Јас се сеќавам на првиот мандат на Трамп кога он почна да ги критикува земјите членки на ЕУ за прагот на средства од БДП коишто се издаваат за одбранбените способности на државите. На почетокот тоа личеше како премногу агресивен пристап на Трамп кон сојузниците, меѓутоа сите земји вклучувајќи не и нас стигнавме до 2% од БДП за одбрана, така што не секогаш таквите критики кон ЕУ значат дека се злонамерни. Европа треба да се консолидира, треба да застане на свои нозе, треба да има автономија и одредена одбранбена автономија, сепак е голема моќ во светот“, вели Османи.

Говорејќи за коспонзорството на резолуцијата на САД и за формулацијата и аргументот на премиерот Мицкоски дека Владата така одлучила, Османи вели дека тука треба мудро да се консултирате со сојузниците и на крај после косултациите да донесете одлука којашто ќе се вклопува и во вашите принципи, бидејќи не секогаш слепото следење значи дека покажувате кредибилитет кон партнерите.

„Тоа „Ние одлучивме“, веројатно потсвесно сака да каже дека сепак имаме мала сувереност во одлучувањето и дека не примаме диктати, што е во ред. Ние секогаш сме имале такви ситуации. Јас често самиот сум бил во ситуации кога сме требале да бираме помеѓу европски и американски кандидат и кого да бираме меѓу два сојузника. Или пак одредени резолуции одобено виз а ви Средниот исток. ЕУ да има различна позиција во однос на Израел на палестинското прашање во однос на САД. И вие секогаш тука треба мудро да се консултирате со сојузниците и на крај после косултациите да донесете одлука којашто сепак некако се вклопува и во вашите принципи, бидејќи не секогаш слепото следење значи дека вие покажувате кредибилитет кон партнерите – треба да покажете дека имате систем на вредности, дека имате конзистентност во политиките. Не можам точно да кажам каков би бил нашиот став во овој случај. Очигледно е добро што САД се вклучуваат во некаква иницијатива за да заврши ова што се случува во Украина. Дали требаше подобра координација со ЕУ во тој дел, за да се убедат сите страни за ставот којшто ќе го зазедеме, јас не сум бил сведок на тие динамики“, вели Османи.

На прашањето дали ова може да се доживее како своевидно осветништво кон Брисел или добар потег за да застанеме зад стратешкиот партнер, Османи смета дека многу е важно да го задржите кредибилитетот во надворешната политика, бидејќи „според тоа ве проценуваат дали може да се потпрат на вас во иднина“.

„Мислам дека е многу важно да го задржите кредибилитетот во надворешната политика. Не можете да прешалтате во ставови – денеска кон Украина, па кон Руската федерација. Тоа е многу важно во очите на меѓународните партнери, бидејќи според тоа ве проценуваат дали може да се потпрат на вас во иднина. Прифаќам дека ова беше специфична околност која што е без преседан на некој начин при една таква контрадикиција помеѓу САД и ЕУ. Не можам да кажам дека има апсолутно правилно решение дека требало едното или другото. Веројатно подобра координација за да не бидат изненадени сојузниците би било некое компромисно решение“, додава Османи.

Говорејќи за Францускиот предлог и дали Македонија избрза со својот потпис, Османи вели дека преговарачката рамка е добра и не треба да има промени.

„Мојот потпис следеше после одлука на Влада и одлука на Собранието. Добро е што го прифативме Францускиот предлог затоа што во ова прашање треба мудро придвижување во процесот. Ставање на „гард“ не ве става во поповолна ситуација. Сметам дека преговарачката рамка е добра. Преговарачката рамка не треба да се смени. Тие што беа дел од процесот знаат дека 90% од енергијата во преговорите со Бугарија беше јазикот. Во одредени моменти дури почна и да се крши политичката елита овде дали може некаков компромис да се прифати во делот на јазикот. И ние кога стигнавме за прашањето за коешто се трошеше 90% од енергијата да се добие целосно нашата позиција, другото беше се помалку релевантно и не смееше да се испушти“, вели Османи.

За тоа дали постои опасност поради големите симпатии на начинот на кој Трамп ја води политиката, уште повеќе да ни се затворат вратите кон ЕУ, имајќи предвид дека и во Брисел има одредени резерви кон политиките на американскиот претседател, Османи вели дека тоа е непредвидливо, но и дека токму таа непредвидливост може да ја натера Унијата да погледне самата кај себе и да почне да решава некои отворени прашања.

„Никој не може да предвиди. Тоа што сега како првична реакција на пристапот на претседателот Трамп е дека Европа сака да се консолидира, сака да се зацврсти, сака да има една одбранбена автономија и тоа сигурно може да ја натера ЕУ да каже – чекајте јас имам отворени прашања на мојот континент, имаме еден цел регион којшто не ни е покриен и е ранливо подрачје, дајте да го консолидираме ако сакаме да парираме во овој мултицентричен свет којшто се појавува сега, во којшто САД очигледно се повеќе се изолираат кон својот континент“, додава Османи.

-Процесот е со ЕУ. Не е лесен тој процес и ние како држава сме сведоци колку тој процес е непредвидлив, но процесот на членство во ЕУ има двојна намена. Прво е за нас самите, за ние да се европеизираме. Второ за да станеме формална членка на Унијата. Така што треба да го гледаме како ориентиран процес“, вели Османи.

На прашањето дали кај премиерот Мицкоски се препознава ретерирање или во најмала рака омекнување на позициите во однос на можното наоѓање, постигнување на договор со Бугарија или пак неговата комотност во владеењето му остава доволно простор во одржување на таа цврста рака – не за компромис со Бугарија по секоја цена, Османи вели дека никој не бара компромис со Бугарија по секоја цена, ниту некој тоа го прифатиле и додава премиерот го има комодитетот во краток рок, но како ќе помине времето фрустрациите се повеќе ќе се зголемуваат.

„Никој не бара компромис со Бугарија по секоја цена, ниту ние тоа сме го прифатиле. Затоа во овој дел, во прашањето на цената, во прашањето на условувањата, ние како опозициска партија се нудиме да помогнеме на владата, бидејќи тоа е заеднички државен интерес. Тука немаме дилема дека не смееме политички да профитираме на најважната тема за граѓаните. Дали премиерот го има комодитетот – го има во краток рок, но како ќе помине времето фрустрациите се повеќе ќе се зголемуваат. Разликите ќе бидат многу поочигледни. Албанија се движи во процесот, тоа ќе го чувствуваат граѓаните на Албанија, која што ние од поблиска перспектива ќе почнеме да го гледаме. Оттука и притисокот дека не можеме да останеме изолирани ќе биде поголем“, потенцира Османи.

Мицкоски не ја приземји ДУИ туку ги понижи Албанците во Македонија

Околу тоа дали има контакти со Артан Груби и дали Мицкоски успеал да ги приземји како партија, Османи вели дека нема контакти со екс вицепремиерот и дека премиерот успела да го навреди и понижи албанскиот народ?

-Јас не. Откога не е тука не сум имал. Но во делот дали се дистанцираат политичките партии – ДУИ не ја засновува својата политичка иднина на односот со другите политички партии, туку на поддршката што ја добива од граѓаните. Нема дилема дека ДУИ во моментов е посилна дури и од најдобрите свои времиња“.

-Мицкоски успеа да го навреди албанскиот народ, да го потчини албанскиот народ. Јас на пример го победив мојот против кандидат, Арбен Таравари, со 40.000 гласови повеќе. И сега тој ми е мене претпоставен Кој одлучи? Како може 40.000 Албанци да бидат помножени со нула заради одлука на премиерот. Тоа е порака до Албанците дека вие сте неважни, вашиот глас е неважен, џабе излегувате да гласате, вас треба да ви покажеме каде ви е местото. Затоа сметам дека не го приземји ДУИ, туку ги понижи Албанците“, вели Османи.

На прашањето и повикот на Мицкоски, Али Ахмети да му порача на Артан Груби да се врати во Скопје и да се соочи со правдата. како и дали токму Груби поседува прислушувани компромитирачки разговори а се поврзани со Али Ахмети, Османи вели дека идејата е да се компромитира Али Ахмети, наследството од 2001 и Албанците генерално, но и дел од една смислена стратегија за рушење на ДУИ.

„Гледате дека целата пропаганда е тука. Идејата е да се компромитира Али Ахмети, преку него ДУИ, преку ДУИ наследството од 2001 и Албанците генерално. Тоа е добро смислена стратегија, која што ние сме ја деконспирирале. Ние знаеме и каде се направени тие состаноци кога е донесена одлуката дека е време да се нападне ДУИ. За да се сруши ДУИ треба да се сруши Али Ахмети.

-Биле двете политички партии, посредувани од неколку олигарси, бизнисмени. Биле одржувани во некои од Вилите на Водно и тука е паднат договорот дека Албанците земаат премногу. Тоа беше времето кога имавме премиер Албанец, миниситер за финасии итн… Разговорите биле дека сите градежници во Скопје биле Албанци и дека или треба да се здружат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или да се демонтира ДУИ преку пропаганда. Но оваа пропаганда којашто се прави со цел да се етикетира, користејќи ја таа латентна омраза кон Албанците која што не е оригинален македонски инстинкт ниту интерес, ширењето на албанофобија, тоа е импортирано која што за жал преку прокси играчи се наметнува како да е македонски интерес. Дуи тоа се обидува да го спречи и да покаже дек анормално е Албанците да имаат амбиција и за премиер, министер, претседател и да бараат заеднички да се носат одлуки за државата. Ова е погрешна политика, но знам дека е еуфорија која што ќе удри со ѕид во глава и ќе се смири“, заклучува Османи.

Целиот разговор со поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи погледнете го во видеото.