Синоќа во медиумите е објавено видео на кое наводно се гледа автомобилот во кој била киднапирана Вања Ѓорчевска.
Како што може да се види, низ населбата Визбегово во 7 часот и 55 минути поминале два автомобила за кои постои сомневање дека учествувале во делото.
Според претходните информации, Вања тој ден бил киднапирана во 7 часот и 20 минути.
Двајца мажи, возачот и сопатникот, со црни капи може да се забележат во автомобилот „цитроен“, во кој се вели дека бил Вања. На задното седиште од автомобилот нема никој, додека над багажникот, според тврдењата, се гледа бел предмет, кој личи на торба или вреќа за спиење.
Како што се наведува понатаму, по еден час и 42 минути во 9:37 часот возилото било опожарено. Исто така, на видеото може да се забележи облак од чад, за кој се вели дека доаѓа од правецот во кој е пронајдено запаленото возило. Нејзиното тело е пронајдено недалеку од таа локација.
Како што признале тројцата осомничени за киднапирање и убиство, тие прво ја убиле Вања околу 10 часот, ја закопале, а потоа го запалиле возилото.
Во понеделник, на 27 ноември, околу 07:20 часот, Вања замина на училиште, на кое никогаш не стигна!
Само десет минути подоцна била недостапна, а нејзината загрижена мајка набрзо пријавила дека нејзината ќерка исчезнала.
Се организираше опсежна потрага по девојчето која траеше до недела, 3 декември.
Полицијата го пронајде телото на Вања во атар на село Бразда на периферијата на Скопје, каде се наоѓал и автомобилот Цитроен, кој осомничените го користеле за киднапирањето. На таа трагедија и претходеше убиството на 74-годишниот Панчо Жежовски, кој, според истрагата, е убиен поради долг од 500 евра.
Меѓу киднаперите кои се уапсени е и нејзиниот татко, чија улога наводно била да им го открие на киднаперите времето кога девојчето ќе биде сама.
Љупчо Палевски, кој е осомничен дека е организатор и извршител на убиството, е уапсен во вторник во Турција. Се чека негова екстрадиција во земјава.
Видео: Портал Икс