
Видео од Ахмети со цигара в рака,пеејќи албанска песна ги преплави социјалните мрежи.Според дел од албанските медиуми ова е порака до ,,огнените”.Според дел од нив ова е така поради повикот од Огнената група од ДУИ до партискиот лидер Али Ахмети – „да не го пали јорганот за една болва“.Не песната, пишуваат албански медиуми, туку видното расположение на партискиот лидер е одговорот на повикот од неговите сопартијци. Видеото од Ахмети го објави ,,Алмакос”.
– Ние сме со Али Ахмети, но претседателе, не го гори јорганот за една болва. Ја изгубивме поддршката во Полог. Поддршката паѓа и во другите зони, погледнете ја најновата анкета на ИРИ. Ситуацијата е алармантна – порача партискиот потпретседател Иџет Меџити од Студеничани.
Барањата на „огнените“ во последните неколку месеци беа отфрлани на неколку партиски состаноци.