„Немам надеж но ќе продолжам да се борам за правдата додека сум жива,” рече денеска родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска чие рочиште повторно се одложи поради отсуство на еден од докторите од гинекологија кој денеска требаше да сведочи во струшкиот суд.
Она што е новитет е што случајот од следното рочиште ќе добие трет судија бидејќи и сегашниот оди во пензија. Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев вели обвинетите колку и да пролонгираат, нема да можат да избегаат од правдата.
За датумот за следното рочиште судот дополнително писмено ќе ја извести јавноста.Според обвинението, тројца лекари се товарат дека на родилката Веапоска поради грешка на породувањето и го отстраниле бубрегот матката и јајникот.Судскиот процес почна во јуни минатата година, но поради отсуство на обвинетите неколку пати беше одложуван.