
Моментално топлотниот бран го прави своето, а Македонија „гори“ од пожари. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека во текот на денешниот ден се регистрирани 12 пожари на отворено, а 3 од нив се сериозни: Свети Николе, Дојран, Сопотница (Демирхисарско).
Ангелов вели дека проблем им прави силниот ветер, па така можно е да стигне до викенд куќи, конкретно за пожарот во Свети Николе.
За пожарот во Дојран, Ангелов вели дека пред 30 минути почнало повеќе да гори и во опасност е висока шума.
Попладево трет силен пожар изби кај село Сопотница, Демирхисарско, информираат од ЦУК.
Поради опасност пожарот да навлезе во високо квалитетна шума упатен е Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.