(ВИДЕО) Оваа земја по 31 година се врати на Евровизија

ЛУКСЕМБУРГ се врати на Евровизија откако не учествуваше на натпреварот цели 31 година.

Ги претставува Тали со песната Фајтер и ќе настапат на последниот ден од првата полуфинална вечер.

Но, евровизиските обложувалници не им предвидуваат голем успех. Моментално се на 27. место, иако им се предвидува пласман во финалето.

Луксембург последен пат се натпреваруваше на Евровизија во 1993 година кога завршија на 20-то место, а последен пат победија во 1983 година со песната Si la vie est cadeau, изведена од Корин Хермес.

Вкупно, тие го освоија овој натпревар пет пати – во 1961, 1965, 1972, 1973 и 1983 година.

„Воодушевени сме што Луксембург се враќа на Евровизија и уште повеќе сме возбудени што РТЛ Луксембург ќе ја преземе возбудливата задача да ја избере песната за 2024 година. Како медиумска компанија посветена на народот на Луксембург, со нетрпение очекуваме емитување емисии во живо. Гледачите ќе можат да го доживеат целиот свој сјај“, рече Кристоф Госенс, извршен директор на РТЛ Луксембург.