На социјалните мрежи е објавено видео од тепачка која се случила во Белград.
На почетокот на видеото се гледаат жена и маж како повикаат полиција и викаат дека го тепаат мажот. По неколку секунди, мажот се приближува до локалот, а жената се обидува да го задржи. После тоа, двајцата мажи од обезбедување излегуваат и почнаа да го удираат.
За тоа време, бројни возачи свират од своите возила. По голем број удари, човекот падна на земјата, а двајцата мажи продолжија да го удираат. Жената се обиде да ги раздвои и во еден момент и таа падна на земја.
Застанува такси возило, а лицето кое снима почнува да вика да го остават човекот и да не го тепаат. После тоа, двајцата мажи од обезбедувањето заминуваат.
Претепаниот продолжува да вика полиција и да објаснува што се случило. На крајот од видеото се гледа како млад човек се приближува и им вели на обезбедувањето да ја остават жената.
На страницата на Инстаграм е наведено дека двајцата се членови на обезбедувањето на кафеана во Белград.
View this post on Instagram