(Видео) Николоски: Директорката на прилепската болница со огромен корупциски скандал – за иста услуга плаќала дупло

„Денеска да позборуваме повеќе за криминалот и корупцијата коишто се случуваат во Општата болница во Прилеп која што е директорувана од директорката кети Смилеска која е поставена за директор од носителот на листата на СДСМ во четвртата изборна единица Венко Филипче. Имено, состојбата во прилепската болница е ужасна, голем број на одделенија не работа, нема соодветни здравствени услуги, дури нема ни основни здравствени услуги за пациентите. Во време на корона кризата Прилеп за жал имаше највисока смртност токму заради состојбата во прилепската болница. Се сеќавате дека немаше довод за кислород скоро една година, а кога се отвори модуларната болница, немаше крај на забеганоста па Венко Филипче заедно со Јована Тренчевска со хеликоптер слетаа во Прилеп за да ја отворат“ рече на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој вели дека „во Општата болница Прилеп нема лекови за пациентите, нема соодветни здравствени услуги затоа што има криминал и корупција“.

„Почнуваме со договорите за одржување на компјутерскиот систем. Се работи за два исти договори, едниот потпишан на 2 декември 2021 година и вториот потпишан на 22 февруари 2024 година со истата фирма Кодекс компјутери. Доколку внимателно се разгледаат овие два договори ќе се види дека за истата работа, а тоа е одржување на постоечкиот информациски систем со иста спецификација која е препишана и е јајце на јајце буквално помеѓу едниот и другиот тендер, разликата во цена е 60.000 евра. Истата фирма го добива тендерот и во 2021 година и во 2024 година, но во 2024 година за 60.000 евра поскапо. Доколку одиме на единечна цена што мислам дека најфрапантно во целата оваа работа, за истата услуга одржување на компјутерскиот систем во 2021 година цената е 162.500 денари или некаде околу 2.500 илјади евра, а веќе во 2024 година е 5.000 евра“ вели Николоски.

Тој рече дека „во 2021 година одржувањето на компјутерскиот систем кој што според спецификацијата е исти и во 2021 чини 2.500 евра месечно а во 2024 година чини 5.000 евра месечно. Што значи дека во Прилепската болница оди на дупло значи не се зголемило за 10 или 20 проценти како што фамозно крадат од СДСМ тука во прилепската болница директорката поставена од Венко Филипче краде 100 проценти“.

„За 100 проценти повисок договор дава во 2024 година односно истата услуга која што во 2021 чинела 2.500 евра месечно во 2024 година 5.000 евра месечно или разликата за 24 месечен период е 60.000 евра пари кои што се одлеваат од прилепската болница и затоа нема соодветни здравствени услуги за граѓаните. Ќе продолжиме следниот период да обзнануваме и други криминали што само покажуваат како работел Венко Филипче од каде му пари за скапото ауди и за удопствата во животот тие сигурно не се ниту од министерската ниту од докторската плата очигледно се од криминал и корупција, како што денес не даде одговори на крупните прашања кои што ги поставувавме поврзани со наводите за криминал и корупција во време на неговото министерување“ посочи Николоски.