
(Видео) Николова: Апсурдот е дел од нашето секојдневие, но истовремено нема поголем апсурд и од самиот живот
🔴- Мојата реакција секогаш по секој неуспешен Ин витро обид беше - одиме понатаму. Јас никогаш не ја сфатив таа борба како како мојата единствена димензија на мојот живот. Јас навистина имам многу други димензии од мојата личност и секогаш гледав на тоа се што имам и колку сум благодарна за сето она што сум и секако животот не застанува. Да, беше многу тешко, се чинеше дека само на нас ни се случува, но истовремено зборувајќи јавно сум се поврзала со толку многу жени коишто го поминуваат, така што ние веќе сме заедница во тој поглед. Не можам да се чувствувам никако поинаку освен да верувам да се продолжи понатаму и дека нашето време ќе дојде, вели Николова.
„Кога не ни знаев дека тоа во иднина ќе го работам, јас пишував за себе, едноставно сум наоѓала некој канал во пишувањето кој ми помагал да се чувствувам подобро, да си олеснам, да си помогнам, да се разберам себе. Тоа низ годините преминува во работа која веќе е и рутинска и техничка, а вe\а професионално стекната низ годините и некои работи кои ги учиме низ работата за како подобро да го правиме тоа. Но првенствено е од љубов кон тоа да си искажам некако своите емоции. Ете пишувањето ми помогнало во тоа“, вели за Трилинг писателката и инфлуенсерка Ксенија Николова за тоа како успева своите емоции совршено да ги преточи во зборови.
Говорејќи за „Зад маските“, Николова вели дека тоа е еден роман којшто раскажува приказна за четири жени кои ги живеат своите навидум совршени животи во Њујорк и што се случува зад затворените врати на нивните навидум идеални животи. „Зад маските“ е приказна со која многу луѓе се поврзаа и не сум изненадена поради тоа, затоа што сите ние имаме некои страни од нашите животи кои сакаме да ги сокриеме па дури и наивно мислиме дека ги криеме, за на крај сите тие лаги кои самите себе си ги кажуваме секогаш да не стигнат и да се претворат во нешто од кое или ќе научиме многу или нема да можеме ни да побегнеме.
-Во битката, трката за пари, среќа, задоволство не само што стануваме егоцентрични туку стануваме уште позагубени, уште помизерни од тоа кога какви сме биле кога сме немале ништо. Тоа е илузијата. Но центарот на суштината не е само трката по пари, туку трката и по тоа некој да не спаси, дека постои таму некој којшто ќе не спаси од нашата беда, тага, од нашите проблеми и дека животот почнува одново со тој некој наш спасител, за на крај да сфатиме дека никој никого не може да спаси, се додека не решиме прво самите себе си да се спасиме, односно ние мораме сами со себе да бидеме искрени, а се друго доаѓа како резултат на тоа, вели Николова.

За Ксенија Николова да си човек кој вистински живее значи да живееш во сите бои. Токму тоа беше и суштината на мојата најнова книга „Секој цвет има свое време“ којашто е 201 цитат за сите нијанси на живото. Да го прифатиш животот со сите негови нијанси, да не бегаш од ниедна нијанса и да сфатиш дека сето тоа е дел од колачот наречен живот и треба буквално да го искусиш целосно за да знаеш дека вистински си живеел.
-Апсурдот е дел од нашето секојдневие. Јас често се начекувам сама себе како сум дел од својот апсурд, како сама себе понекогаш се побивам за многу работи, но истовремено нема поголем апсурд и од самиот живот.
Тенка е границата помеѓу среќата и несреќата, вели Николова, затоа што не може едно без друго.
„Нема среќа којашто во своите своите сегменти не содржи тага и нема тага која во еден момент не се претвора во некаква друга форма на искуство и не учи уште повеќе да ја чувствуваме среќата. Тоа оди заедно. Всушност тоа е и поентата, дека не можеме да очекуваме живот којшто е со една димензија, со едни емоции, со едноличност. Тагата и среќата и сите тие емоции се тесно поврзани.
-Живееме во свет на илузии. Мислиме дека правдата на прв поглед не постои, но постои нешто што е поголемо од правда, а тоа е Бог, карма, тоа е нешто што не стасува сите и ние тоа го забораваме и мислиме дека можеме да живееме на некој начин на долги стази, но се појасно ми станува дека се си доаѓа да си наплати. И начинот на кој размислуваме и она што му го даваме на светот. Не можеме да му даваме на светот едно нешто, а да очекуваме нешто друго за возврат.
-Живееме во свет со многу алатки кои ни овозможуваат да се запознаеме себе си од блиску. Сепак чувствувам како да постои некоја игнорантност поголема од било кога. Луѓето едноставно не се заинтересирани ни себе да се запознаат, а камоли да го запознаат другиот. Верувајте ми има луѓе кои живеат под ист кров со години а суштински не се познаваат. Луѓето имаат некоја мрзеливост кога станува збор збор за љубопитноста и за поставувањето на прашање, учењето на нешто ново. Јас тука го гледам најголемиот проблем. Многу ретко сретнувам љубопитни луѓе, љубопитни за нови информации, за нови вистини, за нови видици. Мислам дека човек кога престанува да биде љубопитен само пасивно живее“, смета Николова.
За тоа како е да се живее и да се работи како инфлуенсер во Македонија, Николова вели дека она што го работи денес на некој начин го прави целиот свој живот.
„Се преместуваме од дигитална алатка на дигитална алатка која е моментално актуелна. Јас започнав со моите книги, ап се префрлив на Фејсбук, па сега на Инстаграм и така расте нашата заедница. Сакам и сметам дека е умно да се искористат сите можности кои ни се нудат за да поблиску и покреативно комуницираме со нашата публика. Јас така го гледам инстаграмот и го гледам како можност да оставам некој свој печат за нешто што мене ми е значајно. Да поставуваме некои нови прашања, да рушиме некои стереотипи, да бидеме поотворени, похрабри и на крајот од денот изградиме некоја заедница каде меѓусебно ќе се охрабруваме и мотивираме. Мене лично ми е многу убаво во моја кожа од тој агол и не би го правела тоа да не наоѓам искрена среќа и задоволство, вели Николова.

За тоа како се справувала со секој неуспешен Ин витро обид, Николова вели дека имала тежок период и во дваесеттите години пред се ова да започне и било од сосема други извори и причини.
„Тој тежок период го надминав и среќна сум што ми се случи пред се ова, затоа што веќе изградив некој свој штит за многу работи и некако многу позрело влегов во оваа борба за која тогаш не знаев дека ме очекува.
– Борбата не ме бутна во тој агол, во таа дупка повторно, но секако дека ме здрма на многу начини и ми го разбранува животот неочекувано, но истовремено и ми даде многу нови сознанија за себе. Тоа е всушност поентата на секоја борба и сакам така секоја жена и секој пар тоа така да го гледа – дека имате необична можност да се запознаете себе на еден поинаков начин, да откриете сте колку сте всушност силни а не сте знаеле. секако да си ги истестирате и партнерските релации и вашата хармоничност, поддршка и пријателство, затоа што тоа е еден голем тест и да верувате дека се доаѓа тогаш кога треба и дека вашето време во оваа нова напредна медицина во која живееме верував и навивам да дојде. Така и за себе.
– Мојата реакција секогаш по секој неуспешен Ин витро обид беше – одиме понатаму. Јас никогаш не ја сфатив таа борба како како мојата единствена димензија на мојот живот. Јас навистина имам многу други димензии од мојата личност и секогаш гледав на тоа се што имам и колку сум благодарна за сето она што сум и секако животот не застанува. Да, беше многу тешко, се чинеше дека само на нас ни се случува, но истовремено зборувајќи јавно сум се поврзала со толку многу жени коишто го поминуваат, така што ние веќе сме заедница во тој поглед. Не можам да се чувствувам никако поинаку освен да верувам да се продолжи понатаму и дека нашето време ќе дојде, вели Николова.
Целиот разговор со писателката и инфлуенсерка Ксенија Николова погледнете го во видеото.