(ВИДЕО) Несреќа на аеродромот во Њујорк, се судриле два авиони, едниот слетувал, другиот требало да полета

➡ Авионска несреќа во Њујорк, синоќа на пистата на аеродромот Ла Гвардија се судриле два авиона, при што две лица биле повредени, соопштија аеродромските власти и авиокомпанијата Делта ерлајнс.

Авионска несреќа во Њујорк, синоќа на пистата на аеродромот Ла Гвардија се судриле два авиона, при што две лица биле повредени, соопштија аеродромските власти и авиокомпанијата Делта ерлајнс.

Инцидентот во кој беа вклучени два авиони на регионалната авиокомпанија „Делта“, „Ендевор Ер“, се случи во 21:58 часот по локално време. Едниот авион слетуваше, а другиот се подготвуваше за полетување, соопшти раководството на аеродромот.

Делта соопшти дека член на екипажот на еден од авионите претрпел полесни повреди, а хоспитализирано е и уште едно лице кое не е во животна опасност.

Аеродромот, еден од најпрометните во САД, не беше затворен поради инцидентот.