
(Видео) „Нема враќање за Таравари“ – Бакиу за „пукнатината“ во ВЛЕН
🔴 „Во однос на враќањето на ДУИ преку Таравари мислам дека тоа е интерпретација која ја прават тие кои не се во власта но во иднина сакаат да се вратат. Мислам дека потегот кој го направи Таравари му оневозможува во иднина да биде дел од владината коалиција. Секој прогноза е дека нема да се има промени во рамките на „македонскиот блок“. Одлуката да замине од владата во момент кога треба поголемо вложување, напор, енергија мислам дека не му остава простор во иднина он да се врати. А ако мислите дека он би можел да биде во некое раководство или пак менаџирање на ДУИ е невозможна мисија“, вели Бакиу.
„За жал функционирањето на ВЛЕН од Таравари се закочуваше. Не сум бил од почетокот во тие договори и разговори кои лидерите на ВЛЕН ги спроведувале, но бев запознаен и сега сум запознаен со информации дека и покрај тоа што функционирањето начелно како коалиција односно како тело „ВЛЕН“ било договорено да продолжи како едно тело, барањата биле нелогични од страна на Таравари и така почнало препукувањето кое за жал на крајот се донесе одлука еден дел од владата да замине во опозиција, која по нашите прогнози ќе се приближи до ДУИ а тоа не кореспондира со идејата на поддржувачите на Алијанса на Албанците кои се најцврстото тело дури и во рамките на ВЛЕН и постојано во последните 20 години се против ДУИ и власта“, изјави за магазинот „Трилинг“, Башким Бакиу од делот на АА кој остана во владата на Мицкоски за тоа каде се скрши костенот помеѓу Алијанса на Албанците кое остана во Илинденска бр. 2 и крилото кое си замина со Таравари.
Бакиу вели дека никој не може да каже дека се најдобри, но ситуацијата која е затекната бара голем напор, вложување, капацитет за нешто да се промени и тоа да се осеќа кај граѓаните без разлика на етникумот.
Околу за тоа со што може да се пофалат како дел од владината коалиција во изминативе скоро една година, притоа да се земе предвид дека се ветуваа изгласување на уставните промени во првите шест месеци и внесување на Бугарите во уставот, битка со корупцијата и расчистување со ДУИ-зација на институциите, Бакиу вели дека многу се работите со кои тие како дел од владината коалиција можат да се гордеат.
„За жал во јавноста повеќе се прелеваше информацијата за препукувањето на крилото на Таравари во ВЛЕН, нефункционирањето, во скоро време и самиот Таравари изјави дека Мицкоски е најдобриот премиер за Албанците па брзо ја промени изјавата. Овие проблематики го зафатија просторот во медиумите и јавноста а не да речеме поддршката што се даде кон општините во целост, а тука можат да се вбројат и општините со доминантно албанско население, каде што одредени општини се раководени и од градоначалници на ДУИ. Мислам дека рекордна е поддршката што се распределила во овие општини визави било која анализа во изминатите две декади. Понатаму тука е поддршката што им се дава на различни таргет групи. За тоа како да се внесат Бугарите во Уставот не е процес кој сега веднаш треба да се направи. Во овој период, во последните две години се случија или пак случуваат промени во рамките на државите. Напорот се прави. Ако го анализирате целокупниот процес фокусот е повеќе на воспоставување на функционална држава од овие технички проблеми.
-Ова секако дека трае како процес и ВЛЕН прави свои напори, анализи, препораки да се работи кон оваа проблематика што не значи дека ние треба да го запоставиме функционирањето на државата односно Копенхашките критериуми“, вели Бакиу и додава дека компромисот во практика и во дефиниција значи сите страни да бидат бидат задоволни.
„Верувам дека Владата во целина и ВЛЕН прави максимални напори со цел истото да се достигне“.
Околу изјавата на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи дека за само неколку месеци вработени се 2500 Албанци, а околу 800 се унапредени, Бакиу вели дека тоа не е така односно дека се работи за план преку кој во одреден период кога одреден број на вработени ќе одат во пензија на нивно место се отвора простор со цел да се надокнади и да се функционираа. Тоа е процес. Тоа не е дека ги земаме 2500 и ги ставаме на работа.
Говорејќи за фактот дека Али Ахмети и Изет Меџити од најблиски соработници станаа главни политички ривали и дали Арбен Таравари може да биде новиот лидер меѓу албанскиот блок, Бакиу вели дека аргументите и постапките кои ги гледа на самиот Меџити во моментов се многу рационални, а за останатото треба да се прашаат и едните и другите.
„Во однос на враќањето на ДУИ преку Таравари мислам дека тоа е интерпретација која ја прават тие кои не се во власта но во иднина сакаат да се вратат. Мислам дека потегот кој го направи Таравари му оневозможува во иднина да биде дел од владината коалиција. Секој прогноза е дека нема да се има промени во рамките на „македонскиот блок“. Одлуката да замине од владата во момент кога треба поголемо вложување, напор, енергија мислам дека не му остава простор во иднина он да се врати. А ако мислите дека он би можел да биде во некое раководство или пак менаџирање на ДУИ е невозможна мисија“, вели Бакиу.
Целото интервју погледнете го во видеото.