(Видео) Независниот полициски синдикат реагира: За една недела девет напади на полициски службеници

Претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев одржа прес конференција пред МВР и посочи дека во последните 5 дена имало 9 напади врз полициски службеници.

Побараа министерот Спасовски и МВР да ги поддржат полицајците кои се почесто стануваат мета на напади.

Тие посочија и тековни примери на напад на полициски службеници.

Од МВР во краток одговор ја префрлија топката на судот. Уште еднаш потенцираа дека „напад врз полициски службеник е напад врз државата“ и бараат од судските органи најстроги казни за сторителите.