(Видео) Невреме во Италија, над 15.000 домаќинства без струја

Тоскана денеска беше погодена од силен дожд проследен со силен ветер. Според медиумите околу 1.200 жители се евакуирани. Најтешко беа погодени провинциите Прато и Пистоја. Реката Бизенцио и помалите потоци се излеале од коритата и ги поплавиле околните села.