(Видео) Неверојатна приказна: Австралиец и неговото куче преживеале два месеци во Тихиот Океан

Австралискиот морнар Тим Шедок, придружуван од неговото куче Бела, заминал на патување со брод од Ла Паз, Мексико до Француска Полинезија. Но, силната бура го оштетила пловилото, па човекот и неговото куче ги поминале следните три месеци беспомошно лебдејќи во Тихиот Океан.

Своето патување го започнале во април, а биле спасени дури оваа недела, кога биле забележани од хеликоптер кој ја надлетувал областа. Лекарите биле изненадени кога откриле дека, по неколку месеци на море, и Шедок и неговата Бела се во добра здравствена состојба.

Морнарот им објаснил на лекарите дека и двајцата преживеале благодарение на рибата што ја уловил и дождовницата.

„Поминав низ многу тежок период на отворено море. Сега ми треба само одмор и добра храна, сепак долго време бев сам. Инаку, јас сум во многу добра здравствена состојба“, вели тој на снимката до која дојде австралиски 9News.