Најмалку три лица загинаа, вклучително и едно четиримесечно бебе, додека десетици беа повредени кога повеќе торнада ги зафатија јужните рамнини во американската сојузна држава Оклахома, соопштија властите.
Државната агенција за управување со вонредни состојби во Оклахома објави смртни случаи, повеќе од 30 повредени и десетици домови оштетени или уништени.
Метеоролошката служба на САД издаде предупредувања за грмотевици, врнежи, дожд и град за повеќе од 47 милиони луѓе во област од Источен Тексас преку Илиноис и Висконсин.
Гувернерот на Оклахома – Кевин Стит прогласи „вонредна состојба при катастрофи“ ослободувајќи дополнителни средства за службите за итни случаи. Стит најави дека планира да ги обиколи погодените области.
Метеоролошката служба соопшти дека се можни 38 торнада во областа и силни бури ја зафатија централна Оклахома во текот на ноќта, раширувајќи се во северозападниот дел на Тексас, западниот дел на Мисури и во Канзас.
🚨 BREAKING – TRAIN VS TORNADO – Footage of a Tornado ripping through and taking on a train while people inside of it in Omaha, Nebraska today is INSANE#NebraskaTornado #Nebraska #Minden #Iowa #MindenTornado #Harlan #HarlanTornado #Tornado #LincolnTornado #LincolnNebraska… pic.twitter.com/fyEJ79m5S0
— T R U T H P O L E (@Truthpolex) April 28, 2024