(Видео) Најава за денешното издание на Трилинг: Според Петровска за прифаќање уставни измени треба лидерство и визионерство
Во новото издание на „Трилинг“ се дискутира за актуелните политички прашања.
Вечерва ќе гостуваат министерката за одбрана – Славјанка Петровска, писателот, новинар и колумнист – Звездан Георгиевски и поранешната судијка во Врховниот суд – Милка Ристова.
Министерката за одбрана Петровска во ова гостување на „Трилинг“ вели дека за прифаќање уставни измени треба лидерство и визионерство.
Не пропуштајте! Вечерва во 20.45 на ТВ24.