(Видео) Најава за „Трилинг“: Може ли Македонија да западне во должничко ропство?
Може ли Македонија да западне во должничко ропство?
Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на „Трилинг“ не верува дека е можно.
– Со ваков капацитет како што е започнато да се работи, мислам дека не. Ова е само чекор кој најавува дека сме далеку од должничко ропство, туку борба за економски напредок на државата и потпирање на свои нозе, смета пратеничката.
Фатмир Битиќи, поранешен вицепремиер за економски прашања во владата на СДСМ, изјави дека најавата за 1 милијарда задолжување ќе не однесе на јавен долг од 68 отсто.
– Што направија? Го намалија задолжувањето на 500 милиони, и сепак сме на 68 отсто јавен долг. Но не кажуваат дека ја зголемуваат рамката на задолжување дома, истакна Битиќи за „Трилинг“.
Можеме ли како држава да ги сервисираме долговите и ова темпо на задолжување да го продолжиме?
– Тие прават задолжување за наредните три поколенија, дециден е Битиќи.
Зошто договорт со Бехтел и Енка беше класифициран и дали оваа Влада може да го декласифицира?
– Да сакаа и да можеа досега ќе го направеа тоа, вели поранешниот вицепремиер.
Слободан Трендафилов, Претседателот на ССМ вели дека загрижува фактот дека оваа влада гледа на платите и на колективните договори како на најголемиот проблем да се во креирањето на ребалансот на буџетот.
– Сметаме дека тоа е сериозен проблем за работниците, изјави Трендафилов за Трилинг.
Погледнете ја најавата за вечерашното издание со Горазд Чомовски: