(Видео) Трилинг најава: Две третини од младите сакаат да се иселат од државата – бела чума ја десеткува Македонија

Македонските градежни компании главни на европските пазари, а чираци во домашните проекти.

– Градежниците во моментов се оставени сами на себе да си ги подигнуваат сопствените капацитети согласно потенцијалите кои ги имаат. Гледајќи од страна како други компании, кои не се домашни, го одлеваат профитот од оваа држава, го одлеваат кадарот, но зад себе оставаат многу проблеми, вели за „Трилинг“Андреа Серафимовски, Претседател на Здружението за градежништво при СКМ.

Вели дека добриот работник од државата бега, затоа што тој не е регулиран

– Ние не регулиравме како работникот за 30,40.000 денари нето, да зема 60.000 илјади, за него нема никаква субвенција, тој бега и квалтетот ни паѓа драстично, порача тој.

Орце Георгиевски, Претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода за „Трилинг“ вели дека Скопје има блокиран, односно никаков јавен транспорт, а градот никога не бил понечист.

– Срам е во Скопје да прошетате човек во моментов, комунална хигиена во моментов е целосно девастирана. Госпоѓата Арсовска беше поддржана од нашата политичка партија, за жал, и се покажа дека сме направиле погрешен чекор, но можеме да го споменеме Коце Трајаноски, кој оставил најмалку 20 проекти зад себе, вели Градоначалникот и истакна дека за Скопје 2014, проект кој се реализираше во негов мандат, немало никаквасудска разрешница со апсолутна власт на СДСМ во последниве 7 години.

Две третини од младите сакаат да се иселат од државата, а уште попоразителен е фактот е дека од тие две третини многу малку би сакале да се вратат и да продолжат да делуваат во македонското општество.

Од истражувањето за неискористениот студентски потенцијал се увидело дека државата не води евиденција за студентите кои директно ги стипендира и им нуди стипендирање на првите 100 универзитети на Шангајската листа.

Проследете ја најавата за утрешното издание на Трилинг со Горазд Чомовски: