(Видео) Најава за „Трилинг“: Како до ефикасен и рационален владин кабинет?
Професорот Борче Давитковски во најновото издание на „Трилинг“ изјави дека никој од владините претставници не кажува како ќе се вратат долговите и дека Македонија е презадолжена држава.
– Мене ми е страв дека ние одиме накај банкрот, вели професорот.
На прашањето „како да се состави ефикасен и рационален владин кабинет“, Давитковски е на мислење дека земјава има „африканска влада“.
– Ние имаме 16 ресори, 16 министри, имаме многу министри кои што се без ресор, имаме потпретседатели на Влада, додека секаде во светот еден е потпретседател на Влада, истакнува тој.
Андреј Божиновски, асистент докторант на Правниот факултет во Загреб гостува во „Трилинг“ и вели дека казнените постапки, како што вели „со сите нишани“, во просек се водат две години.
Колку инфлацијата ги јаде платите, одговара проф.д-р Димитар Николоски од Економскиот факултет во Прилеп.
– Поголема продуктивност да се вгради, или да се вкалкулира, во цените на крајните производи и услуги. Заради тоа и не постои одвртување на т.н. спирала плати/цени, порача професорот.
Погледнете ја најавата за најновото издание на „Трилинг“, кое ќе се емитува вечерва: