(Видео) Најава за „Трилинг“: Како ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи патот кон ЕУ и дали очекува мирен трансфер на власта?
Почнувањето на преговорите со ЕУ треба да се бара во дискусија со Софија и со нашите меѓународни партнери, вели Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за „Трилинг“ на прашањето како ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи патот кон ЕУ.
За тоа дали очекува мирен трансфер на власта, имајќи ги во предвид пораките на ДУИ кои речиси две децении се на власт, Андоновски вели дека ги разбира експонентите на партијата на Ахмети кои се плашат од одење во опозиција, но е на мислење дека тие повеќе се плашат од ревизии кои се однесуваат на нивното работење.
– Но демократски е, ние не сме толку млада демократија за да има проблеми при промена на власта, тоа е еден природен процес. Нашата идеја е да имаме една модерна влада која што одговара на времето во кое живееме, истакнува Андоновски.
Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“ во гостувањето во емисијата на прашањето што треба да биде приоритет на новата влада на Македонија, вели дека од една страна, важно е навистина за претпријатијата кои веќе се тука и за оние кои сакаат да се инсталираат тука, да се креираат стабилни и доверливи рамковни услови.
– Ако не погледнете нас како претпријатие, ние досега имаме инвестирано околу 100 милиони евра тука во Македонија и немаме ниту можност, ниту намера, да ја повлечеме инвестицијата од тука на краток рок, вели Костал за „Трилинг“.
Можеме ли да зборуваме за перспектива во ситуација кога многу често кај дел од граѓаните, завладува апатија, Мирослав Масин, познат македонски сликар, вели дека народот живее во апатија уште од времето на Југославија, но дека се научил на таква ситуација.
Погледнете ја најавата за новото издание на „Трилинг“: