(Видео) Најава за Трилинг: Дали Урсула Фон Дер Лајен намерно ја одбегна ВМРО-ДПМНЕ?

Посетата на Урсула Фон Дер Лајен, внатрепартиските случувања во ВМРО-ДПМНЕ, состојбата на новинарите, рејтингот на ДУИ во албанскиот политички блок, Вилсонова болест, пациентите и терапиите, како и сите останати актуелни политички и општествени теми ќе ги дискутираме вечерва во Трилинг.

Во ова издание, кое ќе го задржи вашето внимание до последниот здив гостуваат: Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ања Босилкова-Антовска, дипломиран економист на УКИМ Скопје и магистер по меѓународни односи, Исен Салиу – новинар и Драган Секуловски – извршен директор на ЗНМ.

Не пропуштајте!