(Видео) Трилинг најава: Дали новиот спикер на Собранието, Африм Гаши го прекрши Уставот?
Зошто партијата ЗНАМ одлучи да биде дел од Владата предводена од Мицкоски и кој министерски места ќе ги водат?
Кога може да се очекува промена на Уставот?
Зошто генерал Павле Арсоски не добил безбедноснен сертификат од НАТО и дали во АРМ се уште има инсталации на КОС, и руски служби, интервју со потпретседателот на ЗНАМ
Во Трилинг гостува д-р Ирена Цветковиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки. Со Цветковиќ разговараме за општествено-полититичкиот амбиент.
Во каква држава живееме? Зошто правдата е привилегија само за богатите? За изместените вредности, колапсот во здравството, родовата еднаквост.
Како се гради и чува еден бренд што е поширок бренд од трговската марка?
Се почесто се пласираат производи со географски и регионални брендови. Нашиот сосед најавува трговска кампања Македонија Велика, како извозен и регистриран бренд.
Дали тој заштитен знак екслузивно припаѓа само на соседот? Дали македонските граѓани преферираат да купуваат оригинал или фалсификат марки?
За интелектуална и индустриска сопственост, разговараме со д-р Ана Пепељугоска – адвокатка.
Трилинг, вечерва 20.45 ч на ТВ24.