(Видео) Најава за новото издание на „Трилинг“: Кој ќе биде шестиот претседател?

Кој ќе биде шестиот претседател по Глигоров, Трајковски, Црвенковски, Иванов и Пендаровски?
Горазд Чомовски разговара со кандидатите во најновото издание на „Трилинг“.

„Ако се менува Уставот, тоа мора да стапи во сила, да има одложно дејство амандманот“, вели кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска Давкова.

„Партија во која половина од раководството и ден денес има бугарски пасоши и државјанства се обиде со оваа националистичка реторика да добие некој поен плус и за жал, во еден дел од македонскиот народ посебно, тоа фати место“, изјави се уште актуелниот претседател на земјава – Стево Пендаровски.

„Сметам дека претседателот на државата треба да биде креатор на државниот консензус. Ќе иницирам нов рамковен договор за економски прашања“, вели Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател и министер за надворешни работи.

„Оваа власт генерира биетничко општество. Нам децата ни се поделени во забавиште во основно и средно образование“, истакнува Максим Димитриевски, прв човек на знам и градоначалник на Куманово.

„Гледам Муцунски ги критикува Академијата за судии и обвинители, а пред извесно време, неговата сопруга беше таму избрана во судија“, потсетува Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и прв човек на ГРОМ.

„Имаме паралелни општества, а всушност најдобро си комуницираат овие што се на власт, елитите, и нив не им пречат тие разлики“, на мислење е професор Билјана Ванковска, кандидатка на Левица.

За повеќе погледнете ја најавата за вечерашното издание на „Трилинг“: