(Видео) Нацоски: На уметниците ни пречи националистички начин на живеење, потребен ни е граѓански Устав
Гостин во емисијата „Трилинг“ беше македонскиот оперски тенор, светски прочуениот Благој Нацоски, со кого разговаравме на теми кои што ја засегаат сегашноста, но и како да се пробијат оние бариери коишто се влечат од минатото, а не се соодветни за 21-от век и иднината која што претстои.
„11 Октомври празник е! Ако Bella Cao е Химна на Антифашизмот, која Македонска народната песна е соодветна во овој момент, на овој празничен ден?
„Bella Cao јас мислам дека е едно ремек дело и ниту една песна, антифашистичка, антинацистичка, или генерално земено антиокупаторска, не е на тоа нив.
-Меѓутоа, претпоставувам дека македонска песна против наци-фашистичкиот окупатор била „Во борба македонски народе“, вели Нацоски.
За оперскиот тенор класичната дефиниција за тоа што е патриотизмот е сакањето на својата нација и истовремено почитувањето на останатите нации, иако во денешно време, како и многу нешта во историјата, мислам дека и зборот „патриотизам“ истото го има доживеано.
„Малку е тешко таа еволуција да се примени во Македонија, за жал, не по вина на нас Македонците, туку по вина на сите оние негирања што ги доживуваме во овие 33 години независност и кои се уште ги доживуваме од некои од соседите, така што мораме и понатаму да докажуваме околу нашиот идентитет, нашата посебна култура, посебен ентитет, посебен јазик, посебни традиции, наместо да се сконцентрираме кон патриотизмот којшто е во чекор со времето.
-За мене една политичка гарнитура којашто ја води државата, зборувам во меѓународни рамки, во било која држава е повеќе патриотска доколку им обезбеди на своите граѓани достоен живот.
На прашањето што е приоритет – да се бранат националните интереси или да им се обезбеди на граѓаните светла иднина подобар живот, стандард, функционални институции, доверба во системот, Нацоски вели дека би било идеално сето тоа да оди паралелно.
„Сигурен сум дека првиот дел е побитен, но јасно ми е дека кај нас мора да постојат црвени линии коишто неможеме да ги прекорачиме, во врска со оние идентитески и културни негирања од страна. И само заради самиот факт што тие се апсурдни и што и немаат некоја подлога, немаат историска подлога.
-Знам дека постојат историски мешани комисии, помеѓу нас и останатите два соседи и се дискутира.
– Мене како уметник кој што се занимава со најкосмополитската уметност на светот, а тоа е операта, јас навистина чувствувам дека припаѓам на едно големо семејство во меѓународни рамки. Никогаш во ниедна прилика националната припадност не била некаков проблем или предмет на дискусија со било кој. Имам досега настапено на четири континенти.
Нацоски вели дека на уметниците им пречи тој националистички начин на живеење, негирање на некоја на нација.
„Единствените разлики се оние од културата, а тука стигнува до она што го има кажано и Гоце Делчев, дека единствен натпревар помеѓу нас народите треба да биде оној културниот. И навистина е така. Особено ми пречи некој во 21-от век да негира нешто, а од друга страна не гледам силни европски или светски лидери, коишто, како што се вели народски „би ги фатиле за уши“ оние послабите и би им рекле – чекајте малку што зборувате, зарем во 21-от век да се занимаваме со овие нешта. Овде на Балканот место за АИ, разговараме за инфраструктурата којашто е катастрофална, неможеме од Скопје до Софија, или од Скопје до Солун, до Тирана да стигнеме за час и половина а толку е блиску, вели Нацоски и додава дека сиве овие нешта се средат и се изградат, народите ќе бидат поповрзани и сите оние глупави политички негирања ќе исчезнат.
„Пред да заминам за Софија си размислував каков ќе биде односот кон мене. Во ниеден момент не стана збор за проблемите коишто ги имаат, во овој случај двете влади, бидејќи двата народи немаат проблеми. Кога ќе кажев дека доаѓам од Македонија бев уште повеќе добредојден, а имаше во претставата колеги од други земји. Генерално земено јас сум воодушевен од мојот престој во Софија и би се вратил повторно да настапувам таму.
За констацијата дадена во 2023 година, дека во Македонија се нема свест колку е важен Уставот на една држава и компарацијата со италијанскиот Устав, Нацоски вели дека во Италија во било која дебата и на најниско ниво, не мора да е политичка, секогаш се споменува Уставот.
„Не е тајна дека поседувам и италијанско државјанство, кога ја давав заклетвата се колнев дека ќе го почитувам Уставот на Италија и истовремено ми беше полонет Уставот од лицето каде што ја правев заклетвата. Се уште кај нас, за жал, фали онаа свест што значи Уставот на нашата држава. Дека тоа е највисокиот акт и дека треба сите да си го почитуваме пред се тоа треба да го прават политичарите, а потоа и сите ние другите. Барем да се познаваат фундаментите на истиот. А кога сме веќе за Уставот, бидејќи е актуелно прашањето, јас препочитам граѓански Устав, токму како што имаат Франција, Италија, Бугарија… Со тоа би се решиле проблемите и не би ги имале сега овие проблеми со соседите, изјави за „Трилинг“ Благој Нацоски.
Говорејќи за македонската култура, Нацоски вели дека таа е на ниво на кое и недостига генерално внимание од целото македонско општество.
„Ако зборуваме за нашите национални театри, без разлика дали се работи за опера, балет или за драма, би сакал истите да прераснат во место во градовите каде што би претставувало секојдневие за граѓаните, односно театарот би бил секојдневно отворен со настани, не мора да се претстави секоја вечер, но барем 5-6 пати во неделата да има некакво збиднување, па и работилници, дебати и да се привлечат што повеќе граѓани, бидејќи културата и сите културни дејности го тераат човекот да мисли, да размислува. Те издигнуваат на едно поинакво интелектуално ниво. Со тоа целата нација се издигнува, потенцираше оперски тенор, Благој Нацоски, во емисијата „Трилинг“.
Интервју со Благој Нацоски погледнете го во видеото