(Видео) Напаѓач со нож избодел маж и жена во Германија, полицијата го застрела

Полицијата во германскиот град Бон застрела маж кој претходно повредил две лица.

Напаѓачот подоцна починал во болница.

Повредени се жена (43) и маж (32). На местото на нападот им била укажана помош.

Полицијата извесно време трагала по напаѓачот и конечно го лоцирала во локалитетот „Бургер Кинг“, кога кон него испукала најмалку еден истрел.

Според првичните информации, напаѓачот ги познавал жртвите и на прободувањето му претходела расправија.

Со возило на брза помош биле пренесени во болница.

На социјалните мрежи почна да кружи наводна снимка на која се гледа како полицијата го опколила, а потоа и пука во напаѓачот.