Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид кај Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и со тоа на сите граѓани им ја честитаат новата 2023 година.
Тие новата година ја посветија на децата со ретки болести и им посакаа здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денес, па сè до крајот на јануари.
View this post on Instagram