(Видео) Навивач истури чипс во лицето на Тадеј Погачар, Словенецот мирно продолжи да вози до победа
Еден од навивачите истури чипс во лицето на словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар за време на денешната планинска етапа на Тур д’Франс.
WTF IS THIS?!
Some bloke just chucked a bag of crisps into Tadej Pogacar’s face at 2km to go.#tdf2024 #OnYerBikePod @writebikerepeat pic.twitter.com/ji8ppnp8ds
— Sanny Rudravajhala (@Sanny_Rudra) July 13, 2024
Тоа се случи на два километри пред целта, но Словенецот не реагираше и во ист ритам продолжи да вози до победата, 13-та во кариерата на најпознатата велосипедска трка во светот.
Со победата на 14-та етапа, Погачар го зголеми своето водство во генералниот поредок пред второпласираниот Данец Јонас Винегор, кој стигна до целта со 39 секунди заостанување.
Во генералниот поредок, Погачар сега има предност од 1:57 минути пред Винегор, трет е Белгиецот Ремко Евенпул, кој заостанува 2:22 минути, а четврти Жоао Алмеида, кој заостанува 6:01 минути.
Следната, 15-та етапа се вози во недела од Луденвил до Плато де Беил и е долга 197,7 километри.