Навивачите на Албанија не можеа на мир да го прослават пласманот на својата репрезентација на ЕП, наместо тоа решија срамно да го испровоцираат српскиот народ.
Го запалија знамето на Србија и со тоа уште еднаш го покажаа својот вистински менталитет и предизвикаа скандал од големи размери.
На видеото се гледа поголема група на луѓе, од кои некои се маскирани, со навивачки знаци, пишуваат српските медиуми.
Тие испратија и пораки „Ве чекаме“ и им се заканија на „орлите“ со желба селекциите да се сретнат во групната фаза.
Албанија е во вториот шешир на ждрепката, додека Србија е четврти и може да се случи средба на двете селекции во Германија.
Tifozët djegin flamurin serb në Sheshin Skënderbej pic.twitter.com/fAZB69b2je
— JOQ Albania (@JoqAlbania) November 20, 2023