Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски објави видео во кое ги наведува најважните проекти во изминатите две години како прв човек на оваа општина.
Потенцирајќи ги најважните проекти во овој временски интервал Муцунски ги истакна: пренамена на градежните маркички во паркови, намалување на трошоците за репрезентација, воспоставувањето на новиот систем за одржување на хигиената, субвенциите за тротинети и велосипеди, субвенциите за првачињата, бесплатното пливање за учениците, како и бесплатните таблети и униформи.
View this post on Instagram