
(Видео) Мухамеди: Целта на власта е да се дискредитира движењето „Кој е следен“ – се оградуваме од политичките партии
„На тој протест за Фросина видовме дека постои еден акумулиран гнев кај луѓето и спонтано се здруживме. Сметавме дека и понатаму треба да дејствуваме, организиравме состанок и ги определивме нашите цели. Сега се случи ова со Кочани, па другите активности ги ставивме на мирување. Сега фокусот ни е околу трагедијата во Кочани, којашто е најголема трагедија во историјата на државата со оглед на тоа што животот го изгубија голем број на млади луѓе“, вели Мухамеди и потенцира дека целта на власта е да се дискредитира движењето „Кој е следен“.
„Ќе продолжиме со изразувањето револт. Во тек сме со состаноци каде ќе определиме во која насока ќе се одвиваат нашите активности. Дали тоа ќе бидат протести, дали други начини на изразување на револтот, дополнително во рамките на организацијата тоа ќе го договориме“, вели за „Трилинг“, Умејр Мухамеди од граѓанско движење „Кој е следен“.
За тоа што беше главниот мотив и што највеќе ги испровоцирало да излезат на улица, Мухамеди вели дека тие излегле под мотото „Системот е следен“ и нивното вмрежување почнало за време на протестите околу трагедијата каде животот го изгуби младата Фросина Кулакова.
„На тој протест видовме дека постои еден акумулиран гнев кај луѓето и спонтано се здруживме. Сметавме дека и понатаму треба да дејствуваме, организиравме состанок и ги определивме нашите цели. Сега се случи ова со Кочани, па другите активности ги ставивме на мирување. Сега фокусот ни е околу трагедијата во Кочани, којашто е најголема трагедија во историјата на државата со оглед на тоа што животот го изгубија голем број на млади луѓе“, вели Мухамеди и потенцира дека целта на власта е да се дискредитира движењето „Кој е следен“.

„Видовме снимки од некои студенти каде што се збори околу протестите во Србија, нивно вмешување, но тоа нема врска со нашата организација ‘Кој е следен’. Нашето лого беше таму аматерски поставено со цел да се дискредитира нашето движење, бидејќи јасно им е дека на нашите активности, на нашите протести има масовност. Посебно што ги плаши е фактот дека многу млади даваат поддршка на нашите активности. А во однос со нашата поврзаност со ‘Шарената револуција’, можам да кажам дека во движењето сега има студенти кои тогаш имале само 12 години“, вели Мухамеди.
„Ние немаме партиски барања и не сме партиски поврзани. Нашето дејствување секако дека е политичко со самиот факт што ние предлагаме барања. Одиме со главното мото ‘Системот е следен’, ‘Системски промени’. Првично треба да знаеме што е тоа систем и за што збориме. Најпросто да го дефинираме системот е како збир на правни правила, правни норми, начини на дејствување, на постапување итн…, со кои се уредуваат општествените односи во една држава. Целта на системот е на тие граѓани во таа територија да им обезбеди правна сигурност, безбедност, правда, да промовира вредности. Сега сме во ситуација каде не сме безбедни да излеземе на улица, бидејќи може некој да не згази. Не сме безбедни да одиме на лекар, бидејќи може да ни дадат погрешна терапија. Ние не сме безбедни да одиме во дискотека, ресторан итн.,, бидејќи може да се запали. Ние не сме безбедни никаде, вели Мухамед.
„Неколку политички партии излегоа со став дека ги поддржуваат протестите, но ние се оградуваме од сите политички партии, особено од СДСМ, затоа што беа дел од системот и се дел од системот. Нивната поддршка воопшто не ни е потребна. Ништо не може да ни помогне, може само да ни одмогне. Ние се оградуваме од сите такви прес конференции на политички партии каде се спомнува името на ‘Кој е следен’. ‘Кој е следен’ е неформална организација, спонтано настаната, додава Мухамеди.
Говорејќи за изјавата на премиерот дека во Македонија ќе се случи народ доколку Обвинителот и членовите на Судскиот совет не поднесат оставка, Мухамеди вели дека Премиерот не смее да се меша во Обвинителството и Судството.
„Целта на нив не им е да се подобри состојбата во судството. Измените на Законот за Судскиот совет треба да се случат до јуни. Таму ќе има некои промени каде што политичките партии потоа ќе имаат многу малку влијание околу изборот на тие нови членови на Судскиот совет. Целта е следна – Собранието им изгласа интерпелација на членови на Судскиот совет, но целта е тие да се заменат со нови членови кои ќе дојдат од редовите на власта. Значи не е целта да се обезбеди правда со тоа што ќе се сменат петмина членови на Судскиот совет, бидејќи ако сега доаѓаат нови членови на Судскиот совет тие ќе имаат мандат од шест години и нивниот мандат ќе важи до 2031 и новите измени на законот за Судскиот совет ќе се применуваат дури во 2031. Значи ние уште пет години ќе имаме пак партиски членови на Судскиот совет“, вели Мухамеди и уште еднаш потенцира дека како организација немаат никаква поврзаност со протестите во Белград.
Целото интервју со Умејр Мухамеди од граѓанско движење „Кој е следен“ погледнете го во видеото.